Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во автобус на „Дурмо турс“ пронајдени 600 куршуми

Во автобус на „Дурмо турс“ пронајдени 600 куршуми

Автобус е запрен на граничниот премин Табановце, а Јавното обвинителство потврди дека е поведена истрага против две лица, на кои им се определени мерки на претпазливот.

Информацијата на ТВ Алсат е дека мобилните екипи на Царинскта управа вчера изутрина во автобусот на компанијата „Дурмо Турс“ нашле муниција.

- При претресот се пронајдени околу 600 патрони, калибар на лесно и долго оружје. Неофицијално, се дознава дека запленетата муниција му припаѓа на еден од возачите што го управувале автобусот, кој ја криел муницијата на посебно место, информираше Алсат.

Од Обвинителство потврдија дека има истрага.

- ОЈО Куманово поведе истрага против 2 лица на кои по предлог на обвинителот им се определени мерки на претпазливост. Продолжуваат да се спроведуваат дејствија за целосно расчистување на настанот и испитување на потенцијална инволвираност и на други лица, соопштија од ЈОРМ.


Слично

Поврзани вести