Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО АРАЧИНОВО ЌЕ ИМА ВТОР КРУГ, ВОДИ КАНДИДАТОТ НА ДУИ - Ибраими пред Миликије Халими со 263 гласа

ВО АРАЧИНОВО ЌЕ ИМА ВТОР КРУГ, ВОДИ КАНДИДАТОТ НА ДУИ - Ибраими пред Миликије Халими со 263 гласа

Ридван Ибраими од ДУИ освои 44,23 отсто од гласовите на локалните избори во Арачиново, или 2.286 гласачи, во првиот круг од изборите.

Ова се резултати од обработени 100 отсто од избирачите во таа општина, што говори дека таму дефинитивно ќе се оди во вториот круг на изборите, што ќе се одржи на 31 октомври.

На второ место е кандидатката на СДСМ, Миликије Халими, со освоени 39,14 отсто, или 2.023 избирачи кои гласале за неа.

Третата позиција е за Наим Синани од Алијанса и Алтернатива, кој има 14,78 отсто од гласовите, односно 764 гласачи.

Вчера Артан Груби од ДУИ изјави дека во таа општина го победиле СДСМ. 

Ова кажува дека ќе се води тешка битка во вториот круг за општина Арачиново, меѓу двата најголеми владини коалициони партнери.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести