Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО АПРИЛ ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ОД ЛАНИ: Македонија ја посетиле над 10.000 Турци

ВО АПРИЛ ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ОД ЛАНИ: Македонија ја посетиле над 10.000 Турци

Во април најбројни посетители на земјава биле турските државјани. 

Бројот на туристите во април 2017 година, во однос на април 2016 година, е зголемен за 18.4%, а бројот на ноќевањата пораснал за 18.6%. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2017 година изнесува 68 047, а бројот на ноќевањата e 140 081. 

Бројот на домашните туристи во април 2017 година, во однос на април лани е зголемен за 15.8%, а бројот на странските туристи е зголемен за 19.6%. 

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2017 година, во однос на април 2016 година, е зголемен за 15%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 21.1%. 

Во периодот јануари - април 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 10.7% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 9.4%, а кај странските има зголемување за 11.4%. 

Во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 9.8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.4%, а кај странските има зголемување за 14.6%.

Македонија ја посетиле над 4000 Бугари и Грци, над 3000 Срби, над 10.446 Турци и други. 

Слично

Поврзани вести