Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Албанија пукано е во две лица кои биле со возило со македонски таблички

Во Албанија пукано е во две лица кои биле со возило со македонски таблички

Мафијашка пресметка имало во Албанија, а застреланите биле со возило со македонски таблички. 

Во градот Милот, на излегување од дома, влегувајќи во своето возило со македонски регистарски таблички е застрелан Клисман Преци, а неговиот пријател Јили Брахими е во критична состојба. Преци пред неколку месеци успеа да преживее во заседа на автопатот Лезе-Тирана.

Вечерашниот напад врз Преци и Брахими се поврзува со тројното убиство што се случи во понеделникот, кога со десетици куршуми беа застрелани, а потоа и запалени во возилото кое го користеле тројката криминалци, Брилиант Мартинај, Диклан Вата и Бесмир Хоџа. 

Слично

Поврзани вести