Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Албанија едногласно за прием на Македонија во НАТО

Во Албанија едногласно за прием на Македонија во НАТО


Албанскиот парламент со 130 гласови го ратификуваше протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. Предлог-законот "За ратификација на Протоколот од Северноатлантската спогодба за пристапување на Република Северна Македонија" беше одобрен од страна на албанскиот парламент со 130 гласови за, без против и без воздржување.

За време на седницата за ратификација на протоколот присуствуваше претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери.

"Сите предизвици поминаа. Ви препорачувам во мое име и пратениците од Северна Македонија да ја искажам благодарноста за тоа што верувавте во нас и не поддржувавте. Јас сум сведок на вистинско пријателство. Односите меѓу двете држави се поврзани со силни пријателства, но исто така и во областа на културната политичка соработка. Ние сме посветени на градење на општество за сите без етнички или социјални разлики. Нашата цел е да создадеме демократска држава, така што ќе работиме со посветеност ", рече Џаферри.


Слично

Поврзани вести