Во акцијата „Планина“ уапсено е уште едно лице
Во попладневните часови е уапсено уште едно лице од организираната криминална група поврзано со трговијата на дрога. Со тоа во акцијата „Планина“ се приведени 22 лица.
Организираната криминална група е следена цела година. Од полицијата соопштија дека кај приведените е пронајдена и запленета дрога, автомобили, пари, мобилни телефони. Уапсените ќе бидат предадени на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, по што, ќе бидат спроведени во Кривичниот суд. Се трага по уште неколку лица, а вклучени се и специјалните единици.
Слично
