Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Аеродром се протестираше за бојата на столчињата во спортската сала

Во Аеродром се протестираше за бојата на столчињата во спортската сала
Навивачите на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје попладнево организираа протест во Аеродром. Навивачката група „Фемили“ не се согласува со црвената боја на столчињата во новата сала на МЗТ Скопје, затоа што ги потсеќа на официјалната боја на нивниот најголем ривал - Работнички. Со пораки „Аеродром е сино-бел“, околу 200 членови на „Фемили“ го изразија нивниот револт, пред новата сала во која кошаркарите на МЗТ скопје треба да играат следната сезона. Новата спортска сала во Аеродром е со модерен изглед и капацитет за 5.000 гледачи, а во комплексот има и помала сала за 1.000 гледачи. Камен-темелник на салата беше поставен во март.
Слично

Поврзани вести