Во А1 Арена и други спортски сали нема вакцина без термин: Првото вакцинирање само во болници
Без закажан термин од утре граѓаните ќе можат да се вакцинираат против Ковид-19 за прва доза вакцина во пунктовите во здравствените, домови, болници или поликлиники во градовите, односно во постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи. Во спортските сали, пак ќе се врши масовна ревакцинација и таму нема да се вакцинираат граѓани кои немаат термин за вакцина.
„Вакциналните пунктови во јавните здравствени установи, ќе имаат работно време, кое е објавено на вратите од здравствените установи. Во Скопје вакцинарање без закажан тремин, ќе има во Поликлиниките Јане Сандански, Букурешт и Чаир, кои ќе работат од 7.30 до 19.30 часот. Од утре ќе се отвори и нов вакцинален пункт во Поликлиниката во Шуто Оризари кој ќе работи од 7.30 до 14.30 часот. За вакцинација, доволно е само желба и задолжително документ за лична идентификација, за здравствените работници да ги запишат вашите податоци и да бидете евидентирани во системот Мој Термин, стои во соопштението.
Министерството за здравство апелира до граѓаните што помасовно да се вакцинираат, бидејќи единствен начин да заврши оваа пандемија е што помасовна вакцинација.
Инаку од почнува и теренска вакцинација, процес кој е организиран. Здравствените домови од секој град, во соработка со локалната самоуправа, месните заедници со помош на локани медиуми, плакати, ќе треба да ги информираат граѓаните за денот и часот, во кое село, населба, рурално населено место ќе се врши вакцинација.
