Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во 81 година почина академик Ратко Јанев

Во 81 година почина академик Ратко Јанев

Синоќа во 81 година од животот почина академик Ратко Јанев. Тој беше редовен член на Македонската академија на науките и уметностите.

Посмртните останки на академик Јанев ќе бидат изложени во петок во 13.30 часот во капелата на Новобежаниските гробишта во Белград, а погребот ќе се изврши во 14:15 часот. Ќе биде одржана комеморативна седница за што јавноста ќе биде дополнително известена, соопшти МАНУ.

Академик Ратко K. Јанев е роден 1939 година во Сандански, Бугарија. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Белград, специјализирал на Државниот универзитет во Ленинград, а докторирал на Природно-математичкиот факултет во Белград. Работел на Институтот за нуклеарни науки „Борис Кидрич“ во Винча, а продолжил со работа на Институтот за физика во Белград. Предавал на ПМФ во Белград и на ПМФ во Скопје (1970 – 1973), а бил професор и на повеќе универзитети во Европа, Америка, Јапонија и во Кина. Соработувал со врвни светски истражувачки институции. Раководел со прогамата на Меѓународната агенција за атомска енергија (Виена) за истражувањата во контролираната термонуклеарна фузија (1988 – 1999). Објавил над 300 научни трудови, а автор или коавтор е на 7 монографии и 27 ревијални статии.

Бил член на Советот за електронски и атомски судири на Европското физичко општество (1993 – 1997), како и на научни комитети на бројни меѓународни конференции. Заедно со проф. А. Далгарно ја иницира Меѓународната конференција за атомски и молекуларни податоци и нивната примена (1998). Добил Homage oд Слободниот универзитет на Брисел (1979). Беше член на Joint Institute for Laboratory Astrophysics, Боулдер, САД (од 1982). Добитник е на престижната Хумболтова награда за истражувања во контролираната термонуклеарна фузија (2004).

Слично

Поврзани вести