Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во „5 до 12“ Владата прогласи неработен ден во Скопје

Во „5 до 12“ Владата прогласи неработен ден во Скопје

Утре e неработен ден на територијата на Град Скопје поради посетата на Папата.

Вака одлучи Владата. Веста е објавена на веб сајтот на Владата. 

„Согласно последните организациски проценки поврзани со протоколот за посетата на Неговата Светост Папата Франциск, и согласно потребите и барањата на институциите и граѓаните,  Владата на Република Северна Македонија донесе одлука утрешниот ден, 7 мај (вторник), да биде неработен ден за сите вработени во јавната и државната администрација на територијата на Град Скопје. Со оваа одлука се опфатени основните и средните училишта, а градинките ќе бидат организирани непречено да ја извршуваат својата функција. Владата им препорачува и на приватните компании, особено од централното градско подрачје да ја прифатат одлуката овој ден да биде неработен и за вработените во овој сектор, и на тој начин да го дадат својот придонес во организацијата на програмските содржини од посетата на Папата Франциск“, информираа оттаму. 

Дополнително ќе биде соопштено кој ден ќе биде определен за да се одработи утрешниот неработен ден.

При крајот на работното време беше соопштено дека утре ќе биде неработен ден во главниот град. 

Слично

Поврзани вести