Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во 21-от век и Драчево доби канализација

Во 21-от век и Драчево доби канализација

Денеска во Драчево во употреба беше пуштена препумпната станица за одведување фекални отпадни води со треба да биде решен долгогодишниот проблем со канализација за 40.000 жители. Целосната инвестија беше вредна 150 милиони денари.

Како што информираа од општината капиталниот проект за реализирање на системско решение за одведување на фекалните отпадни води од селото, населбата Драчево и месноста Потстаница  почна во 1982 година. Од 2009 до 2012 година во овој реон се изградија канализации на сервисни улици во вкупна должина од околу 5 километри, а се изгради и фекален колектор. Шеесет милиони денари се инвестирани во изградба на примарна, секундарна и терцијарна фекална канализација, а изградбата на препумпната станица чини 21,5 милиони денари. За реализацијата на проектот Општина Кисела Вода доби позајмица од 15 милиони денари од Владата на Република Македонија. На свеченото пуштање на новата канализација, присуствуваа и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
Слично

Поврзани вести