Во 21 град нема заразени со коронавирусот
Во 21 град во Македонија нема заразени со коронавирусот.
Без заболени се: Велес, Кочани, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Радовиш, Делчево, Виница, Пробиштип, Валандово, Богданци, Крушево, Демир Хисар, Демир Капија, Кратово, Македонски Брод, Пехчево, Македонска Каменица и Дојран.
Досега во земјата се направени вкупно 914.381 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.823, бројката на оздравени пациенти е 150.139, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 197.
foto Wikipedia
Слично
