Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО 2023 ГОДИНА ПОСАКУВАМ РЕШЕНИЈА ЗА СИТЕ НАШИ ПРОБЛЕМИ: Богојески ја честиташе Новата година

ВО 2023 ГОДИНА ПОСАКУВАМ РЕШЕНИЈА ЗА СИТЕ НАШИ ПРОБЛЕМИ: Богојески ја честиташе Новата година

„Почитувани граѓани, зад нас е една исклучително тешка година. Проблемите кои ги доживеавме оваа година, не посакуваме веќе никогаш да ни се повторат.  Меѓутоа новогодишната маѓија, нема да направи тие да исчезнат, и од 01.01.2023 година да бидеме безгрижни и без проблеми. За да ги исчистиме проблемите од минатото, и да излеземе од сите тие кризи, потребни ни се РЕШЕНИЈА!

Во новата 2023 година, посакувам решенија за сите наши проблеми, и национални и државни и семејни и лични. Посакувам во таа година, да стигне Томосот од Стамбол, посакувам конечно еднаш да ги започнеме вистинските преговори со Европската Унија, и да го тргнеме бугарското прашање од дневен ред.  Посакувам спокоен живот, и да започнеме да расчистуваме со сиромаштијата во земјава.

Посакувам секој од нас, да имаме среќа и радост во домовите!

Среќна нова 2023 година!

Се гледаме во новата година, со уште посилен активизам и со посилно дејствување на планот за решавање на проблемите.“

Среќни празници и многу успеси во новата година.


Слично

Поврзани вести