Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО 2019 ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА ПОДНЕЛА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ МАРЈАН ЦВЕТКОВСКИ - за кредит го ставил под хипотека целиот имот на МРТВ, обвинителството ја отфрлило

ВО 2019 ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА ПОДНЕЛА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ МАРЈАН ЦВЕТКОВСКИ - за кредит го ставил под хипотека целиот имот на МРТВ, обвинителството ја отфрлило

Ревизорскиот извештај за работењето на МРТ предизвика силна реакција од Управата за финансиска полиција.

Оттаму тврдат дека во 2019 година тие поднеле кривична пријава против Марјан Цветковски.

„Конкретно за кредит од 2,5 милиони евра по каматна стапка по 12 отсто од Комерцијална банка за внимавајте - ТЕКОВНО РАБОТЕЊЕ И СЕРВИСИРАЊЕ НА ОБВРСКИ НА МРТВ, притоа ставајќи го под хипотека целиот имот на МРТ и сето тоа Марјан Цветковски го прави без добиена согласност од сопственикот на МРТВ - Собранието. Тоа е како јас да одам на нотар и да го продадам/ заложам вашиот стан без ваша согласност. Основно јавно обвинителство за организиран криминал и корупција експресно ја отфрли тас кривична пријава“, се наведува во реакцијата“, пренесува Фокус.

Ова следува откко Државниот завод за ревизија го објави Ревизорскиот извештај за работењето на МРТВ.

Слично

Поврзани вести