Македонците се научија да купуваат на интернет
Минатата година се зголемила довербата кај македонските потрошувачи во онлајн продавниците. Во текот на ланската година македонците потрошиле над 133 милиони евра пазарејќи онлајн со домашни картички. Пазареле на интернет од домашни, но и од странски онлајн продавници. Во текот на 2018 година купувале преку интернет повеќе, односно со пораст од 17,8 проценти во однос на претходната година.
Поголемиот процент од овие интернет трансакции се направени кон странски веб продавници, а помалку кон домашните.
Слично
