Во 2016 година излезноста во 17 часот била 60,38 отсто, сега е многу помала
До 17 часот излезноста на овие предвремени парламентарни избори, во сите шест изборни единици е 38,78 отсто од обработени 3.459 избирачки места на кои гласале 703.522 граѓани, соопшти Државната изборна комисија на попладневната прес-конференција.
А за споредба, на парламентарните избори што се одржаа во декември 2016 година, излезноста на граѓаните на предвремените парламентарни избори во Македонија до 17.00 часот, на цела територија изнесуваше 60,38 проценти.
Ова е според податоците што тогаш ги презентираше Државната изборна комисија.
Тоа значи дека до 17 часот и тогаш а и сега има многу голема разлика, односно оваа година до 17 часот излезноста е помала за 22,6 процентни поени.
Слично
