Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во еден од македонските градови има само 8 активни случаи на коронавирусот

Во  еден од македонските градови има само 8 активни случаи на коронавирусот

Дојран е градот со најмалку активни случаи на коронавирусот и тоа само 8. Демир Хисар има 13, Македонски Брод има 15, а Кратово 16 случаи. Пехчево пак има 26 случаи иако долго време беше град со најмалку активни случаи на коронавирус. Валандово има 29, Крушево 34, а Демир Капија 36 случаи.

Скопје има 7.304 активни, Куманово 455, Тетово 468, Прилеп активни 302, Гостивар  332, Штип 172, Битола 254, Велес 335 активни случаи.

Досега во Македонија се регистрирани скоро 89.000 случаи на коронавирусот. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88.992, бројката на оздравени пациенти е 73.777, на починати е 2.715, а бројот на активни случаи изнесува 12.500. 

Македонија наскоро ќе добие вакцини од соседна Србија. Станува збор за 8.000 дози од Фајзер. 

Слично

Поврзани вести