Економија, финансии, бизнис

Контакт

Внукот на Али Ахмети ризикува казна затвор од 10 години

Внукот на Али Ахмети ризикува казна затвор од 10 години

Дрин Ахмети, внукот на првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, кој беше уапсен на 30 декември под сомнение дека поседувал големо количество пиротехнички средства, ризикува затворска казна од 3 до 10 години. Јавното обвинителство ќе го спроведе вештачењето на одземените средства за понатамошна постапка во насока на проверка и квалификација на кривичното дело.

Тој што прекршувајќи го законот преработува, чува, продава, нарачува, посредува во трговија или разменува огнено оружје, муниција или распрскувачки материи, ќе се казни со затвор од 3 до 10 години“, се вели во Кривичниот законик, член 396.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека по овој член се засноваат полициските информации доставени до органот на обвинителството. Спасовски рече дека ја очекува навремената истрага за случајот од Обвинителството.

„Од полициски аспект ги презедовме сите неопходни мерки. Сите пронајдени средства се одземени, а целата релевантна документација е доставена до обвинителот. Известувањето е доставено врз основа на написот што го споменавте, но треба да имате предвид дека сега обвинителството е должно да ги испита сите потребни докази“, нагласи Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Дрин Ахмети или инаку познат како косопственик на „Соравија“ вечерта на 30 декември заврши со лисици како резултат на поседување пиротехнички средства. Според фотографијата која полицијата неофицијално ја објави, сумата е до 750 парчиња чија вредност достигнува неколку илјади евра. „Арсеналот“ бил пронајден во неговиот автомобил „Ренџ Ровер“ со албански регистарски таблички, кој бил запрен од полициски единици неколку метри под зградата на американската амбасада.



Слично

Поврзани вести