Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВНУКОТ Е ОСОМНИЧЕН ДЕКА СИ ЈА УБИЛ БАБАТА ВО СТРУМИЦА? - МВР со детали: Лицето е во роднинска врска со жената

ВНУКОТ Е ОСОМНИЧЕН ДЕКА СИ ЈА УБИЛ БАБАТА ВО СТРУМИЦА? - МВР со детали: Лицето е во роднинска врска со жената

Внукот е тој што е осомничен дека извршил убиство врз својата баба, односно починатата жена во Струмица, дознава Фактор.

Всушност, тој и барал пари, а откако не добил, ја нападнал жената, од што таа починала.

Деталите на некој начин ги потврди и МВР, од каде велат дека осомничениот бил во роднинска врска со починатата жена. 

Еве за што информира МВР. 

„На 23.01 2023 од страна на полициски службеници од СВР Струмица во содејство и координација со Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал лишен е од слобода П.И.(25) од Струмица. Тој се сомничи дека на 20.01.2023, откако побарал и не добил пари од М.Б.(83) од Струмица, со која бил во роднинска врска, ја нападнал, а од здобиените повреди таа починала. Потоа П.И. одзел пари и предмети од домот на М.Б., од кои дел биле пронајдени при претресот извршен по наредба на ОЈО Струмица. П.И. е приведен во полициска станица и при службен разговор го признал делото, а од страна на СВР Струмица против лицето е поднесена кривична пријава до ОЈО Струмица, изведено е пред  Основен суд Струмица и побарана е мерка притвор“, се вели во соопштението од полицијата.

Слично

Поврзани вести