Економија, финансии, бизнис

Контакт

Внуката на Вапцаров го спори македонскиот јазик?

Внуката на Вапцаров го спори македонскиот јазик?

Внуката на македонскиот поет Никола Вапцаров, режисерката Маја Вапцарова денеска за бугарската БТВ изјави дека македонскиот јазик тешко може да се прифати во Бугарија затоа што е дериват на Бугарија.

„Главната идеја во создавањето на македонскиот јазик, која ја поттикнале Тодор Павлов, Цола Драгојчева, Крум Ќуљавков и Венко Марковски, како поет кој дошол од Скопје тогаш во Бугарија, заедно со неговата сопруга, и почнал да го создава овој македонски јазик, кој со ништо не се разликува од бугарскиот“, вели таа.

Таа вели дека отворањето на клубот во Благоевград е провокација. 

Години наназад во Бугарија имаше емисии во кои се говореше за ликот и делото на Вапцаров, за неговата смрт, бидејќи го стрелале во Софија, но Бугарите ја спореа и неговата нацонална припадност. 

На 23 јули 1942 година, на возраст од триесет и три години во Софија е стрелан Никола Јонков Вапцаров, роден во Банско. Вапцаров бил член на Сојузот бугарските писатели, и најголем талент меѓу Македонците кои твореле на други јазици, освен на македонски. Неговата  единствена стихозбирка, со наслов „Моторни песни“ зазема видно место во македонската и едно од важните места во бугарската литература, иако тој самиот, и во животот и преку својата поезија, недвосмислено изјавувал дека е Македонец, и покрај тоа што создавал на бугарски јазик. Неговата поезија е изразито патриотска, социјална, револуционерна и хуманистичка. 

Слично

Поврзани вести