Економија, финансии, бизнис

Контакт

Внук си ја убил баба си во Чаир, полицијата првично мислела дека таа починала без насилство

Внук си ја убил баба си во Чаир, полицијата првично мислела дека таа починала без насилство

Полицијата го уапси 28-годишниот скопјанец М.М. кој сега е во притвор откако истрагата утврдила дека тој е осомничен за убиство на својата 75-годишна баба во Чаир. 

Мртвата старица во својот дом на улица Никола Малешевски во Чаир лежела повеќе денови, а последен пат била видена минатиот петок, на 5-ти ноември. Лекарот, според првиот полициски билтен, констатирал дека нема траги од насилство.

Лекар од Итна медицинска помош тогаш констатирал смрт без траги на насилство, објави Телма, но сега во вториот билтен се вели дека жената била тепана.

„Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против М.М.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Тој се сомничи дека во периодот од 05.11. до 11.11.2021 извршил кривично дело убиство врз неговата баба В.Б.(75) во нејзиниот стан на ул.„Никола Малешевски“. Од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор“, се вели во извештајот на МВР.

Слично

Поврзани вести