ВНИМАВАЈТЕ: ЗМИЈА КОМОТНО СЕ ДВИЖИ НИЗ ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - надлежните не креваат на фиксен
Се појави змија во центарот на Скопје.

Корисничка на социјалната мрежа Инстаграм објави видео во кое се гледа како змијата комотно си се движи по прегреаниот скопски асфалт.

Змијата се движи во близина на кејот, кај Министерството за надворешни работи.

Корисничката на инстаграм се интересирала каде може да ја пријави змијата, а откако било советувано да се јави во Центарот за Управување со кризи и во Град Скопје, таа се обидела да воспостави телефонски контакт, бидејќи на фиксните телефони што ги имаат ставено на своите веб страници овие две институции, никој не одговарал.

Таа ги советува граѓаните да внимаваат, а воедно упатува апел до надлежните да излезат на терен.
Инаку, видеото е направено утрово, во 7.21 часот.
