Економија, финансии, бизнис

Контакт

Внимавајте, вирусот е непредвидлив и подмолен

Внимавајте, вирусот е непредвидлив и подмолен

Дека  коронавирусот е непредвидлив и подмолен, предупредува и министерот за здравство, Венко Филипче. 

Според него, кај нас и во Европа тешко оди справувањето со третиот бран на ковид. 

„Деновиве е намален бројот на хоспитализации во болниците, но подготвени се дополнителни капацитети во болниците како во Скопје, така и низ државата“, потенцира министерот. 

Деновиве во Битола почина 19 годишна девојка од овој вирус. Младите не се поштедени.  Досега во земјава 4.108 луѓе починаа од вирусот. Имаше и денови со по 50, 45, 51 жртва.  Во Македонија има најмалку 22.000 активни случаи на ковид -19. Бројот на активни во главниот град се приближува кон 11.000, но висок број на заразени има и во внатрешноста, и тоа во Куманово, Прилеп, Битола, Охрид, Кавадарци. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести