Внимавајте со „журките“ пред Нова Година - се прават сообраќајки
Предновогодишните забаваи кои во последниве години стануваат се повеќе популарни меѓу граѓаните, носат и сообраќајни несреќи. Тоа покажува дека и возачите и пешаците треба да бидат многу внимателни во овие претпразнични ноќи.
Низ улиците низ главниот град, во изминатите 24 часа двајца пешачи се здобиле со тешки телесни повреди, а четири лица со полесни. Тоа се случило во шест од вкупно 13 сообраќајни незгоди што се случиле во Скопје. Во седум сообраќајни незгоди е причинета само материјална штета.
Ангажирана била и пајак – службата. Таа вчера вечерта и ноќта подигнала 76 возила. Казнети биле и осум пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачкиот премин.
Слично
