Внимавајте со марихуаната и дрогите - полицијата апси
Полицијата и вчера апсела за поседување марихуана. Еден скопјанец и охриѓанец на кои им била најдена марихуана биле лишени од слобода.
Поднесени се и кривични пријави против двајца - за производство и пуштање во промет со дроги.
Тоа го потврди и Министерството за внатрешни работи во своето денешно соопштение.
„На 01.01.2020 во 23.20 часот во Горно Нерези, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.С.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.
Додавааат и дека исто вчера, во 20.40 часот на ул.„Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Д.К.(35) од Охрид, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ина и кривични пријави за двајца од струмичко.
„СВР Струмица поднесе кривична пријава против К.К.(38) и Х.М.(19), двајцата од с.Банско и против М.Т.(27) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање на промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 30.04.2019 на регионалниот пат Струмица - с.Куклиш, пред с.Банско, полициски службеници извршиле преглед над пријавените, кои биле во патничко возило „форд фиеста“, при што пронашле и одзеле марихуана“, се вели во соопштението од Полицијата.
