Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВНИМАВАЈТЕ СО КОГО СЕ ДОПИШУВАТЕ НА ФЕЈСБУК - има уценувачи, еве што ја снашло жена од Тетово

ВНИМАВАЈТЕ СО КОГО СЕ ДОПИШУВАТЕ НА ФЕЈСБУК - има уценувачи, еве што ја снашло жена од Тетово

По се изгледа дека граѓаните во земјава, особено оние од женскиот пол, треба многу да внимаваат при комуникацијата, бидејќи на фејсбук врие од уценувачи.

За еден таков случај со 32 годишник од тетовско село, тукушто соопшти МВР.

Имено, вчера во 13.30 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово бил лишен од слобода А.И.(32) од с.Пирок, тетовско, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „уцена“, казниво по член 259 од Кривичниот законик.

„Имено, според пријавеното на 19.11.2020 околу 21 часот, од страна на триесет и двегодишна жителка на тетовско село, приведениот ја уценувал преку социјалната мрежа „Фејсбук“ дека ако не му даде пари ќе објави компромитирачки фотографии. А.И. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, стои во соопштението од МВР.

Слично

Поврзани вести