Економија, финансии, бизнис

Контакт

Внимавајте што објавувате на социјалните мрежи: Одсега фотографиите и постовите може да се користат на суд

Внимавајте што објавувате на социјалните мрежи: Одсега фотографиите и постовите може да се користат на суд

Во постапка пред  судовите на Република Македонија може да се користат  фотографиите и објавите што се објавени на социјалните мрежи. Сите докази што се прибавени на законски начин може да се изнесат во судска постапка и на нив да се темели одлуката на судот.

Заканата упатена кон премиерот Зоран Заев, за која МВР информираше минатиот месец, е само едно од кривичните дела за кои Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР изготви известување до скопското Јавно обвинителство.

 МВР веќе работи на триесеттина случаи во кои преку социјалните мрежи на носители на државни функции во Република Македонија им е загрозена сигурноста, како и случаи каде се злоупотребени нивните лични податоци.

Од овие случаи шест се однесуваат на закани упатени кон премиерот Заев.

Од МВР велат дека е откриено лицето кое ги испратило заканите и тој се сомничи за „загрозување на сигурноста“. Осомничениот, кој му се заканувал на Заев преку социјалната мрежа „Фејсбук“, откриен е во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка, со социјалната мрежа „фејсбук“, како и со Интерпол-Берн, Швајцарија и еден интернет провајдер од истата држава. По целосно документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство.

Од министерството за внатрешни работи додаваат дека на овој начин се постапува по сите доставени пријави за закани за загрозување на безбедноста и сигурноста на сите граѓани.

Од Јавното обвинителство на Република Македонија потврдуваат дека скриншот сликите, како и постовите на социјалните мрежи можат да се користат во судските постапки, доколку се прибавени за законит начин.

Објавите се следат и се анализираат и доколку Јавното обвинителство утврди дека постојат елементи на кривично дело за кое се гони по службена должност ќе реагира.


Слично

Поврзани вести