ВНИМАВАЈТЕ, ПАТОТ КАЈ ТЕФЕРИЏ Е ОПАСЕН ЗА ВОЗЕЊЕ!!! Улицата е затворена заради безбедносни причини, се огласи градоначалникот на Сопиште со важно соопштение!
Градоначалникот на Општина Сопиште, Стефче Трпковски, на неговиот фејсбук профил испрати апел до граѓаните да не го користат патот преку Тефериџ, бидејќи истиот не е безбеден за сообраќај.
„Ве информираме дека поради новонастанатата ситуација на патот кон Теферич, кој тоне и на дел од конструкцијата на патот се појавени распукнатини, истиот е затворен за сообраќај од безбедносни причини до остранување на проблемот.
За Ваша безбедност, Ве замолуваме да ги користите другите алтернативни патишта“, се вели во апелот од општината.
Редакцијата на Фактор испрати прашања и до градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Штом добиеме одговори, јавноста ќе биде информирана за чекорите што ќе ги преземе општината.
Слично
