Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВНИМАВАЈТЕ ОДРОН НА ПАТОТ: Eве каде се вози по една коловозна лента

ВНИМАВАЈТЕ ОДРОН НА ПАТОТ: Eве каде се вози по една коловозна лента

Пред селото Сопот, на патниот правец Катланово – Велес  поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента. 

На лице место се екипите на ЈП Македонија пат кои работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег со среден интензитет има на планинскиот премин Стража и на Попова Шапка, а со послаб интензитет во Маврово и на планинските премини Ѓавато и Пресека. 

Во Крушево има врнежи  од дожд и снег. Овие врнежи во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од АМСМ.

Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40 метри има на патниот правец Тетово – Шипковица, до 100 метри во Крушево и на планинскиот превој Ѓавато и до 70 метри на планинскиот превој Плетвар.

Слично

Поврзани вести