Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВНИМАВАЈТЕ: Од утре камерите на „Сејф сити“ ќе ловат прекршоци

ВНИМАВАЈТЕ: Од утре камерите на „Сејф сити“ ќе ловат прекршоци

Oд утре камерите на „Сејф сити“ ќе почнат да снимаат. Министерството за внатрешни работи(МВР) почнува да го применува системот „Безбеден град, безбедна држава“. На тој начин полицијата ќе регистрира сообраќајни прекршоци и ќе ги казнува прекршителите. Пробниот период ќе трае до крајот на годината. 

Возачите првично ќе добиваат само предупредувања, без изрекување казни. Од јануари идната година системот влегува во целосна примена.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, летово најави дека проектот најпрво ќе биде активен во Скопје и уште два града, а во текот на 2026 година ќе се прошири на територијата на целата држава.

Камерите ќе бидат поставени на булевари, крстосници и поголеми сообраќајници, и ќе регистрираат поминување на црвено светло и возење со прекумерна брзина — двете најчести причини за сообраќајни несреќи.

Вакви системи веќе се користат во поголем дел од европските земји. 

Слично

Поврзани вести