Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВНИМАВАЈТЕ НА ПАРИЧНИКОТ ВО АВТОБУС: Синоќа ограбен Ресенчанец во ЈСП

ВНИМАВАЈТЕ НА ПАРИЧНИКОТ ВО АВТОБУС: Синоќа ограбен Ресенчанец во ЈСП

Ако сте од оние кои почесто се возите во градските автобуси пазете се од џепарошите.

Внимавајте на вашите лични работи и паричници оти денес е лесно да останете без нив.

Ваков случја надлежните регистрирале синоќа околу 23 часот.

Непознато лице вчеравечерта во автобус на ЈСП кој сообраќал на линија бр.5 извршил разбојништво над патникот Д.С. од Ресен.

Непознатиот сторител најпрво физички го нападнал Ресенчанецот а потоа го ограбил и се стекнал со нешто помалку од 500 евра.

Засега не е познат идентитетот на сторителот, а надлежните трагаат по него.

Слично

Поврзани вести