Економија, финансии, бизнис

Контакт

Внимавајте на овие работи кога купувате или продавате имот…

Внимавајте на овие работи кога купувате или продавате имот…

Според експертите повеќето луѓе ја одредуваат цената на својот имот емоционално, врз основа на спомени.

Во повеќето случаи продавачите бараат колку што им требаат пари, а не колку што е реалната цена.

Еден од најважните чекори при продажба на еден стан, е правилното утврдување на цената.

Ако цената  е под пазарната, тогаш имотот ќе се продаде релативно брзо, но со голема разлика, која наместо да е во вашиот џеб, ќе биде во оној на купувачот. Кога случајот е спротивен односно  цената е повисока, тогаш правите услуга на вашата конкуренција.

Кога цената е „надуена“, тогаш имотот се задржува подолго време на интернет.

Ако едно живеалиште е долго на пазарот, потенцијалните купувачи ќе почнат да го избегнуваат.

Ако станот е понуден со реална цена, не би требало да се задржи повеќе од месец-два на пазарот, сметаат експертите.

Слично

Поврзани вести