Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВНИМАВАЈТЕ КОМУ МУ ОТВАРАТЕ ВРАТА: Лажна гатачка пред очи остави Скопјанка без златниот накит

ВНИМАВАЈТЕ КОМУ  МУ ОТВАРАТЕ ВРАТА: Лажна гатачка пред очи остави Скопјанка без златниот накит

Жена од Скопје која сакала да ја дознае судбината и да тргне црна магија ја имамила гатачка. Гатачката и рекла дека некој и направил нешто страшно и ја оставила без златото, под изговор дека ќе и го даде на црквата.

Како што соопштија од МВР,  жената пријавила дека истиот ден во12:40 ја измамила непозната жена. Кога личноста дошла во нејзиниот двор со намера да и продаде женска облека, почнала да зборува за животот на жртвата, дека некој и направил лоши равботи и дека таа може да ја отстрани таа црна магија.

Кога жрвтата од домот го извадила целиот златен накит, непознатата жена го ставила во сад со вода , а потоа и рекла дека накитот треба да го однесе во црква, па потоа ќе го врати. Го земала накитот, отишла и никогаш не се вратила.

МВР работи на случајот.

Слично

Поврзани вести