Економија, финансии, бизнис

Контакт

Внимавајте како ги користите маските, совети дава д-р Беќаровски

Внимавајте како ги користите маските, совети дава д-р Беќаровски

Македонија бележи високи бројки на заразени со коронавирусот. Само вчера имаше 913 нови случаи. 

За заштита од коронавирусот, граѓаните мораат да носат маски, но исто толку важно е и тие правилно да се користат. 

Неколку совети на оваа тема на социјалните мрежи објави д-р Нико Беќаровски. 

Тој вели дека неправилното носење на маската може да не даде ефект.

Тој предлага 10 практични совети:

  1. Кога не ја носите маската мора да е во пластична кесичка, свиткана на половина со надворешниот дел кон внатре!
  2. При вадење секогаш фатете ја за дршките и така држејќи ставете ја на лице, со задолжително покривање на носот.
  3. Ако вашата маска има метална преграда на горниот раб, притиснете ја и прилагодете ја кон Вашиот нос.
  4. Никогаш не ја лизгајте маската кон брадата, бидејќи при оваа манипулација, вирусите ќе се залепат за Вашето лице.
  5. При вадење на маската таа се држи исклучиво за рачките, а по вадењето се преклопува на половина (види точка 1) по што се одложува во кесичката.
  6. Маската која повеќе нема да ја употребувате ставете ја во пластична вреќичка, цврсто заврзете ја и одложете ја во ѓубре.
  7. Платнените маски за повеќекратна употреба, кога ќе дојдете дома, потопете ги во хидроген, варикина, доместос, алкохол и оставете ги 5 минути, или попрскајте ги со спреј за дезинфекција.
  8. Маската перете ја на 60 или 90 степени.
  9. Пожелно е да ја испеглате пред секоја употреба.
  10. Обичните маски ги заштитуваат другите од Вашите флигеови капки и затоа избегнувајте контакти со луѓе кои не носат маски или бидете на растојание од најмалку 2 метри

Слично

Поврзани вести