Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВНИМАВАЈТЕ: Хакери ги демнат кредитните картички!

ВНИМАВАЈТЕ: Хакери ги демнат кредитните картички!
Измамите со кредитни картички во 2012 година пораснале значително, а најмногу измами се случуваат преку интернет, предупредува Европската централна банка (ЕЦБ). Од таа причина, ЕЦБ повика да се направат дополнителни напори за да се обезбеди безбедност на плаќањето со картичка преку интернет, со оглед на растечкиот обем на купувања кои се извршуваат преку интернет. Според податоците на Банката, на секои потрошени 2,635 евра преку кредитна и дебитна картичка, изгубено е едно евро. Се губат околу 0,038% од целокупните трансакции во Унијата кои изнесуваат 3,5 билиони евра.
„Најновите податоци говорат дека мора да станеме внимателни во поглед на измамите преку картички“, изјави потпретседателот на ЕЦБ, Виктор Констанцио.
Извештајот, исто така покажа дека картичките издадени во Франција, Британија и Луксембург, се соочиле со најголеми губитоци како последица на измами. Предупредување стигна и од Народната банка - банкоматите во земјава работат со стар софтвер и веќе не се толку отпорни на хакерски напади. Мајкрософт, производителот на софтверот Windows XP, реши на 8 април да се прости од овој застарен оперативен систем и веќе нема да го заштитува. Овој податок е алармантен ако се знае дека дури 95% од банкоматите во светот го користат токму овој оперативен систем. За да се заштитат сметките и податоците на корисниците на платежните картички и банкомати Народната банка на Република Македонија деновиве им достави потсетување за нулта-денот на банките и им побара да ги достават своите стратегии и активности што планираат да ги преземат за модернизирање на софтверот.
Слично

Поврзани вести