ВНИМАТЕЛНО КОГА ПОМИНУВАТЕ ПОД ОВОЈ МОСТ - Искршен бетон, паднати парчиња (Фото)
На Фејсбук страната „Реално Росоман“ објавена е фотографија од распуканиот мост на реката Црна, при што во објавата се предупредуваат граѓаните да бидат внимателни кога поминуваат под мостот.
Како што се истакнува во групата, од мостот веќе има паднато парчиња бетон, поради што се укажува сите минувачи да бидат внимателни, да не дојде до поголема несреќа.
- Секој да внимава доколку поминува под мостот на Црна Река испукан е бетонот под заштитната ограда. Има веќе неколку паднати парчиња од бетон. Внимателно под мостот за сите минувачи - пишува во постот.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Слично
