Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВНИМАТЕЛНО КОГА ПОМИНУВАТЕ НИЗ ОПШТИНА ЦЕНТАР - посебен сообраќаен режим поради изведба на инфраструктура

ВНИМАТЕЛНО КОГА ПОМИНУВАТЕ НИЗ ОПШТИНА ЦЕНТАР - посебен сообраќаен режим поради изведба на инфраструктура

Поради реконструкција на улицата „Тодор Александров“ во општина Центар, Скопје, од денеска па се до 23 септември 2026 година ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во општина Центар.

Како што информира ГД „Гранит“ АД Скопје, посебниот режим на сообраќај се воведува поради градежни активности кои се однесуваат на изградба на улици и комунална инфраструктура на улицата „Тодор Александров“ бр.11 и бр.12 во Општина Центар. 

- Согласно издадено Одобрение за времена измена на режим на сообраќај од Град Скопје со број 15-12450/4 од 13 јануари 2026 година, Ве известуваме дека на ден 2 февруари 2026 година ГД „Гранит“ АД Скопје ќе започне со градежни активности кои се однесуваат на изградба на улици и комунална инфраструктура на улици: Тодор Александров бр.11 и Тодор Александров бр.12, Општина Центар во Скопје - се наведува во соопштението од ГД „Гранит“ АД Скопје. 

Извор: МИА


Слично

Поврзани вести