ВНИМАТЕЛНО И ВО МАРКЕТИТЕ: Одржувајте најмалку два метра растојание од другите
Владата донесе ригорозни мерки за ограничување на движењето на граѓаните, но во маркет мора да се оди за да се испазарат основните намирници што им се потребни на граѓаните.
Министерот за здравство, Венко Филипче, советува дека граѓаните кога одат во маркет или комуницираат со луѓе, треба да одржуваат оддлеченост од најмалку два метра.
Еве што ново вели ми нистерот.
„Одржувајте два метра растојание кога одите во маркет или комуницирате со луѓе. На овој начин го спречувате ширањето на коронавирусот и спасувате животи. Граѓаните во период на инкубација може да се преносители на болеста, а да не се свесни за тоа. Доколку имате симптоми, не се доближувајте до повозрасните, кои се во најголем ризик од овој вирус“, напиша Филипче.
Тој претходно објави дека е одобрена првата терапија за пациентите заболени од коронавирусот. Се работи за комбинација којашто јa содржи лекот хлорокин и азитромицин. Од утре ќе биде аплицирана на пациентите коишто се лекуваат кај нас и во болнички и во домашни услови, после соодветна индикација од лекарот.
