Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВНИМАНИЕ: Забрането палење оган на отворени места инаку плаќате казна 200 евра

ВНИМАНИЕ: Забрането палење оган на отворени места инаку плаќате казна 200 евра

Поради енормно високите температури од град Скопје апелираат да се внимава и да не се пали оган на  отворени места како превентивна мерка за заштита од шумски пожари.

Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, во согласност со мерките и надлежостите за одржување и заштита на градското и вонградското зеленило, ќе преземаат мерки и активности за превентивно дејствување во врска со заштитата од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор во текот на наредните топли денови.

Во наредните денови екипи на Градот и ЈП „Паркови и зеленило“ ќе бидат присутни и ќе вршат контрола на јавните површини.

Дококу не ја почитувате забраната ќе платите казна од  200 евра бидејќи толку изнесува казната за палење оган на јавна површина.

Слично

Поврзани вести