Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ВНИМАНИЕ! НОВА ЕДНОНАСОЧНА УЛИЦА!“: граѓани споделуваат важни информации за сите возачи за промени во центарот на Скопје

„ВНИМАНИЕ! НОВА ЕДНОНАСОЧНА УЛИЦА!“: граѓани споделуваат важни информации за сите возачи за промени во центарот на Скопје

На социјалните мрежи се споделува информација за промена на сообраќајниот режи на улицата „Владимир Полежиновски“ во центарот на Скопје. 

Како што информираат во групата „Во одбрана на Буњаковец“ на Фејсбук, улицата сега е еднонасочна на одреден дел и ги предупредуваат граѓаните да бидат внимателни.

- Внимание! Нова еднонасочна улица!

Сообраќајниот режим на улицата „Владимир Полежиновски“ на потегот од Универзална сала кон улица „Рузвелтова“ е сменет и на тој дел во тој правец таа е сега еднонасочна.

Поставени се соодветни знаци за обврзно движење, како и забрана за движење од правец на „Рузвелтова“.

Сограѓани, внимавајте и споделете ја информацијава по комшии низ Буњаковец, оти многу луѓе со возила деновиве си се движат во забранетиот правец, можеби затоа што ни Општина Центар - Скопје ниту Град Скопје немаат објавено за оваа промена, иако знаците стојат веќе неколку дена.

Со споделување на информацијава, се надеваме ќе се спасите и вие и вашите соседи од „масакр“ со казни.

За да влезете во овој дел од Буњаковец најблиски влезови се оние на улица „29 ноември“/„Костурски херои“ или кај Католичка црква од кружниот тек од бул. „Теодосиј Гологанов“ / „Иво Лола Рибар“ или кај Универзална сала од бул. „Партизански одреди“ / „Партизанска“.

При тоа, ул. „Владимир Полежиновски“ во правец на т.ц. Буњаковец останува двонасочна - се нагласува во соопштението објавено на Фејсбук. 

Еве ја целата објава: 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести