Економија, финансии, бизнис

Контакт

Врнежи од дожд и снег во Македонија

Врнежи од дожд и снег во Македонија

Во Македонија од денеска под влијание на серија влажни бранови се очекува промена на времето со повремени локални врнежи од дожд и снег на планините.

Снег со слаб интензитет врне на Попова Шапка, Стража, Маврово и Македонски Брод.

Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет и повеќе се бидат застапни во западните делови од државата.

Температурите ќе бидат над нулата и ќе достигнат до 10 степени.

Од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ)  препорачуваат  внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен – Буково. Поради појава на магла во Страцин видливоста е намалена од 80 до 100 метри.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема.

Слично

Поврзани вести