Економија, финансии, бизнис

Контакт

Внесол погрешен код за логирање: Кабинетот на Филипче објаснува зошто е во рестрикција на Твитер

Внесол погрешен код за логирање: Кабинетот на Филипче објаснува зошто е во рестрикција на Твитер

Твитер профилот на министерот за здравство Венко Филипче, утрово беше ставен на рестрикција од страна на „Твитер“, од причина што ненамерно при логирање беше внесен погрешен код за верификација, информираа денеска од кабинетот на министерот. 

Додаваат дека таа активност за социјалниот медиум била причина Твитер да го ограничи профилот и дека сега се работи на надминување на проблемот.

Веќе објавивме дека на налогот на твитер на Филипче пишува - Овој профил е привремено суспендиран. 

Кога се отвара неговата сметка во предупредувањето стои дека била „забележана необична активност од овој профил“.



Слично

Поврзани вести