Економија, финансии, бизнис

Контакт

Внатрешната контрола на МВР утврди дека полицајците биле виновни во Арачиново

Внатрешната контрола на МВР утврди дека полицајците биле виновни во Арачиново

Интерната истрага на внатрешната контрола на МВР утврдила дека полицајците во во Арачиново биле виновни. „Полицајците не ги презеле службените дејствија“ е заклучокот од проверката на случајот што веќе неколку дена ја бранува македонската јавност 

Во случајот во кој наводно полицајци биле принудени да го напуштат пунктот откако сопреле возило со малолетник, МВР излезе со соопштение и го прогласи за дезинформација.

„Од извршените проверки е утврдено дека на 30.11.2022 тројца полициски службеници запреле возило „фолксваген“, управувано од малолетник, но не ги презеле потребните службени дејства, за што против нив се изготвени иницијативи за дисциплинска постапка, а во извршените службени разговори тројцата полициски службеници негираат дека било кој им се заканувал или вршел притисок врз нив, соопштува МВР“.

И вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави дека има индиции „за недолично однесување на полицајците“.

„Во врска со случајот, утрово во Полициско одделение Арачиново е повикан 17-годишниот малолетник заедно со неговиот родител, двајцата од с.Сарај, скопско, поради основано сомнение за сторен прекршок по чл.225 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и по извршен службен разговор, малолетникот го појаснил стореното дело. Против малолетникот е поднесен поднесок за констатиран прекршок за управување на моторно возило без возачка дозвола, а против родителот поднесок за сторен прекршок по чл.317 ст.14 од истиот закон, поради тоа што му дозволил на малолетникот да го управува возилото без дозвола“, утврдило министерството.

Слично

Поврзани вести