„ВМРО за Македонија“: Додека Груевски е на чело, партијата долги години ќе биде во опозиција
Од коалицијата „ВМРО за Македонија“ велат дека никакви промени нема да се случат со менувањето на раководството на ВМРО ДПМНЕ.
Сè додека Никола Груевски е на чело на оваа политичка партија, не е возможно партијата да се демократизира, додаваат од „ВМРО за Македонија“.
„Рибата смрди од главата, а не од опашката. Значи штом главата е останата на чело, тоа значи дека нема да дојде до никакви промени, ниту до демократизација на ВМРО-ДПМНЕ. И сè додека на чело на ВМРО-ДПМНЕ е Никола Груевски, тоа значи дека партијата ќе биде долги години во опозиција на македонската политичка сцена“- изјави Слободан Близнаковски од ВМРО Народна партија.
Велат дека се потребни системски, а не промени преку ноќ.
Слично
