Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО во Скопје, СДСМ на митинзи во Тетово и Гостивар

ВМРО во Скопје, СДСМ на митинзи во Тетово и Гостивар

Денеска е четврти ден од почетокот на изборната кампања и партиите продолжуваат со митинзи низ Македонија. 

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи митинзи во општина Аеродром во 17.30 часот и во општина Карпош во 20 часот. 

СДСМ денеска ќе биде во Гостивар во 17:30 часот и во Тетово во 19 часот. 

Коалицијата за промени и правда на ќе има средби со граѓани во Прилеп. Таму лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов и носителот на листата во ИЕ 4, Слободан Богоески ќе ја презентираат Изборната програма и ќе одржат прес-конференција во 14 часот. Во Кочани и во Берово носителот на листата во ИЕ 3, Весна Стоименовска ќе ја презентира изборната програма и ќе одржи прес-конференција во 11 часот. 

ДПА денеска ќе има митинг во Вруток во 19.30 часот, а Алијансата за Албанците ќе одржи митинг во Ченто во 18 часот.

ДУИ денеска ќе има митинг во населба Ченто во 18 часот. 

Слично

Поврзани вести