Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО ОЧЕКУВА УБЕДЛИВА ПОБЕДА ВО ШТИП, ВЕЛЕС, КИСЕЛА ВОДА, АЕРОДРОМ.. - партиските претставници со првични резултати

ВМРО ОЧЕКУВА УБЕДЛИВА ПОБЕДА ВО ШТИП, ВЕЛЕС, КИСЕЛА ВОДА, АЕРОДРОМ.. - партиските претставници со првични резултати

Пратеникот од редовите на ВРМО-ДПМНЕ преку својот Фејсбук профил споделува податоци за неофицијални резултати од изборите во повеќе општини, во кои се очекува да победат

Последна негова објава е за општина Сопиште каде според него ВМРО има 298 гласови, додека СДСМ 22. 

Сподели податоци и за општина Велес, каде според објавата ќе имаат убедлива победа. 

- Победа во Велес!! Велес моментално: ВМРО 6.337   СДСМ 1.309 - напиша Ѓорчев. 


Тој исто така сподели информации и за Штип, каде исто така имаат убедлива победа според него. Тој објави Иван Јорданов ВМРО 2.771 - СДСМ 685 гласови. 

Со сличен став се огласи и Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кој во изјава за Сител ги посочи градовите каде сигурно ќе имаат кандидати победници уште во првиот круг.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе победи во првиот круг во Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, Аеродром, Охрид, Ресен, Градско, Јагуновце, Василево, Радовиш, Штип, Струмица после 20 години. 

Ќе имаме и во Босилово, Вевчани, Ново Село, и убедлива победа во Прилеп. За останатите општини се прелиминарни резултати каде тенденцијата покажува дека ќе ги добијат уште во прв круг - рече Милошоски.


Слично

Поврзани вести