Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО ИМА УБЕДЛИВА ПОБЕДА: Мисајловски објави каде веќе се сигурни, очекуваат победа и во град Скопје

ВМРО ИМА УБЕДЛИВА ПОБЕДА: Мисајловски објави каде веќе се сигурни, очекуваат победа и во град Скопје

ВМРО ДПМНЕ е на прагот на огромна победа. Разликата е некаде 3:1, има општини каде е 6:1 и 7:1 па дури и општини со 10:1. 

Ова го објави вечерва на прес-конференција на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

- Досега веќе се одбрани градоначалници во Кисела Вода, Охрид, Радовиш, Берово, Ѓорче Петров, Гази Баба, Пехчево, Делчево, Гевгелија, Сопиште, Бутел, Аеродром, Прилеп, Битола, Велес, Вевчани...

Гласовите се пребројуваат, а резултатите укажуваат на водство. Очекуваме убедлива победа во Струмица, Орце води во Скопје. Бројките ги собираме. 

Во однос на нерегуларностите кои ги спомнува СДСМ, разликата е толку голема што неамат простор за оправдување од дебаклот. Изборот и причините треба да ги бараат во своите редови. Што се однесува до ДУИ, очигледно се депласирани, Али Ахмети треба да си го бара патот. Благодарам Македонија, благодрам за историската победа  - нагласи Мисајловски на пресконференциајта. 

Тој укажа дека се уште се пребројуваат гласовите, но очекуваат победа и за главниот град, за Скопје, каде за градоначалник од нивните редови се „тркаше“ Орце Ѓорѓиевски, кој е актуелен градоначалник на Кисела Вода, и кој според нив води во повеќе општини. 

- Во Центар водиме, во Карпош ќе има втор круг, нашиот кандат води убедливо.  Очекуваме историски резултати, најубедлива победа. Согласно она што го очекуваме, ќе биде и повеќе од претходните избори - нагласи Мисајловски.


Слично

Поврзани вести