ВМРО го осуди градоначалникот на Дебар, но ги испровоцира и СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ упати остра осуда кон градоначалникот на Дебар, Ружди Лата кој со изјавата дека крвта и душата им се во Тирана, го уништува духот на соживотот и длабоко го поткопува темелот на државноста и уставното уредување.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека ваквите националистички и ретроградни изјави кои зачестија во последниот период се предизвикани директно од антидржавното делување на криминалецот Зоран Заев, неговите антидржавни ветувања во Берн и прифаќање целосно да ја реализира тиранската платформа.
- Покрај Лата, вакви антидржавни изјави се изнаслушавме и од Зијадин Села, коалициониот партнер на Заев, од кого зависи мнозинството на СДС во Парламентот, Еди Рама, Хашим Тачи, Дитмир Бушати и Месила Дода и ниту една изјава не беше осудена од страна СДС.
Зоран Заев и СДС се главен поттикнувач на „големоалбанските“ апетити во Македонија и во регионот. Заев ги разбуди духовите на минатото и шовинистичките и иредентистички намери на одредени кругови во регионот.
На сервилноста и патолошката потреба на Заев да направи влада по секоја цена ѝ нема крај. Заев со прифаќањето на тиранската платформа прифати: двојазичност, промена на знаме, химна и грб, промена на името по грчки терк и федерализација на државата, што во крајна фаза, судејќи по апетите во регионот, ќе заврши со дисолуција на Република Македонија. Заев сето ова го прави за да си го плати долгот кај нарко-мафијата и останатите негатори на македонскиот идентитет кои му помогнаа на изборите. Граѓаните не сакаат да ги плаќаат долговите на Заев кај криминалните структури. Граѓаните си ја сакаат Македонија унитарна и мултиетничка со еднакви права и можности за сите нејзини граѓани, граѓаните цврсто ќе се спротистават на секој обид за уништување на државата“, рече Данев од ВМРО-ДПМНЕ.
