ВМРО е таму кај што е Љубчо, а каде е Љубчо?
Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, поточно пред новата зграда позната како „Белата палата“ во герила акција е поставен транспарент кој гласи „ВМРО е таму кај што е Љубчо“.

Оваа порака повеќе од јасно е наменета кон првиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски кој исто така беше прогласен за почесен претседател на партијата. Потоа поради несогласување со Груевски тој реши да и се врати на политиката и да ја формира ВМРО со додавката „Народна“. Сепак, на последните изборни циклуси се покажа дека десничарското крило нема мотив и намера да го напушти ДПМНЕ и Народна не бележеше никакви значајни резултати, па дури не помогне и коалицијата со генералот Ангелов и Љубе Бошкоски.
Името на Георгиевски беше многу актуелно пред Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ при што се веруваше дека токму кандидатот кој тој ќе го поддржи ќе стане нов лидер на партијата. Имаше и една тотално неточна информација дека постоела поддршка Георгиевски повторно да биде избран за претседател на партијата, па дури и дел од бугарската пропаганда во Скопје се обиде тоа да го искористи.
Георгиевски како политички пријател на Заев придонесе СДСМ да дојде на власт, можеби не освои пратеници но, сркати доволно гласови од контото на ВМРО-ДПМНЕ, а во последно време дава и конкретна поддршка за одредени политики, како на пример за Договорот за добрососедство со Бугарија чиј еден од архитектите е токму тој.
Затоа се поставува прашањето каде е сега Љубчо Георгиевски, дали е претседател на „Народна“, дали е почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, дали е независен или коалиционен сојузник на Зоран Заев. Како и да ги гледате работите тој и натаму е реално присустен на македонската политичка сцена и има влијание како во ВМРО-ДПМНЕ така и делумно во власта.
Х.С.
