Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Зет на секретарот на Скопје врши јавни набавки за градот

ВМРО-ДПМНЕ: Зет на секретарот на Скопје врши јавни набавки за градот

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека сопственикот на Армор Плус е зет на секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска Мадиќ, а компанијата извршила пет јавни набавки на заштитна опрема во вредност од 10 милиони денари откако Петре Шилегов е градоначалник.

Секретар на градот Скопје е Викторија Аврамовска Мадиќ; партиски кадар на СДСМ, „впрочем тоа е истата личност којашто Зоран Заев го прогласи за партиски победник како единствен кандидат на партиските избори.

Чест добитник на јавните набавки и тендерите на град Скопје каде се вртат милионски суми во денари е компанијата Армор Плус. Тоа е оваа компанија за набавка на заштитна противпожарна опрема, како што пишува со седиште на Булевар „Трета Македонска Бригада” број 48. Армор Плус е компанија е во сопственост на лицето Димитар Петрески.

Димитар Петрески пак е сопруг на сестрата на Викторија Аврамовска Мадиќ, секретар на градот Скопје. Значи градот каде секретар е Мадиќ, распишува тендер или јавна набавка, а зетот Димитар Петрески, зетот на Викторија  Мадиќ  е добитник на тој бизниси“, рече Наум Стоилковски, гласноговорникот на денешната прес-конференција.

Од таму тврдат дека секоја година компанијата Армор Плус добивала јавна набавки од градот раководен од Петре Шилегов, а јавните набавки започнале во 2017-та година веднаш по стапувањето на Шилегов на оваа функција во вредност од над 2 милиони денари.



Слично

Поврзани вести